ЦИКЛОНОТ НАД МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ И ВИКЕНДОВ: Ќе биде врнежливо на повеќе места, а можна е и појава на невреме!
Циклонската активност во Македонија ќе се задржи и за време на овој викенд, па така и времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и со засилен ветер.
Локално можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава град.
И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 24 степени.
Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by