Циклон со центар над Џенова ни донесе силно невреме и бројни проблеми!
Вчера (сабота 30 август) во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на изминатата ноќ до утрово (недела 31 август) нашата Република Македонија беше под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад, и истата беше поврзана со циклонска активност која се формираше над Џенова. Токму ова услови поголема дестабилизација на времето кај нас, обилни врнежи на повеќе места, силен ветер од југозападен правец кој направи бројни проблеми на повеќе места кај нас, а особено во Скопје.
Локално атмосферските процеси беа поинтензивни и во форма на силно невреме. Во изминатите 24 часа до 8 часот утринава најмногу дожд наврна во Охрид и во Лазарополе, и тоа 18 литри на метар квадратен дожд. Најсвежо пак утрово беше во Лазарополе и на Попова Шапка со измерени 8 степени.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени во нашата Македонија до 8 часот утринава, како и наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утринава по градови и места во нашата Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]
Занимливости / Прогноза / Свет


by