Циклон ни носи снег и снежна покривка во западните предели од Македонија
Под влијание на почеток на циклонска активност западно и северозападно од нас односно некаде над Италија, денес (Петок 2 Јануари 2026 година) во западните предели од Македонија ќе има врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во пониските места (градовите) и само од снег на повисоките населени места и на планините каде ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а локално ќе се формира снежна покривка со висина и од над 15 сантиметри. Во дел од градовите во западните предели ќе има и врнежи од влажен снег и токму овдека ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри.
Ќе започне да дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје и околината исто така ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а на околните планини ќе има услови за слаби врнежи од снег. Појава на слаб снег краткотрајно може да има и во повисоките предели од котлината. И во Скопје и околината ќе започне да дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 3/4 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by