Четврток 23 април 2026 ни носи ладно утро со минусни температури и мраз

Денот четврток 23 април 2026 во Македонија ни носи ладно утро со ниски температури на воздухот кои особено на повисоките населени места  и на планините како и на скијачките центри ќе се спуштат под нулата со што во ваква ситуација очекувам појава на утрински мразеви. Исто така утре наутро облачноста во Македонија ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат.

Утрешното утро ни носи минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 8 степени а во Скопје  и околината минималната температура утре наутро ќе се спушти до околу 6 степени. Да напоменам дека на планините  со поголема надморска височина  и на скијачките центри температурите утре наутро очекувам да се спуштат  и под -5 степени. Исто така да напоменам дека  утре ќе дува повремено засилен ветер од северен правец на повеќето места во Македонија.

Утрешниот ден пак ќе ни биде потопол од денешниот со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје  и околината температурата утре во текот на денот ќе се искачи до максимални 17 степени.







Занимливости