Во четврток 30 април 2026 ни доаѓа големо заладување и планински снег
Под влијание на значително поладна воздушна маса од север, веќе во четврток 30 април 2026 во Македонија температурите значително ќе опаднат за околу па и за повеќе од 10 степени во споредба на оние температури кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд а поради заладувањето на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така во четврток на 30 април 2026 времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со повремено засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината во четврток на 30 април 2026 очекувам значително заладување на времето.
Температурите во четврток на 30 април 2026 кај нас во Македонија ќе бидат значително под просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 14 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Понеделник 18 Мај 2026 донесе ведро и свежо време со умерена локална облачност. Температурите насекаде беа под просекот за месец Мај. Најсвежо ова утро со 2 степени беше на Попова Шапка а пак највисока минимална температура од 14 степени ова утро беше измерена во Гевгелија. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да [...]


by