За 1 Мај 2026 ќе имаме невообичаено ладно време со утрински мразеви

Под влијание на значително ладна воздушна маса од север, за 1 Мај 2026 во Македонија ќе имаме променливо облачно и невообичаено ладно време за самиот почеток на месец мај со сончеви периоди. Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд особено во попладневните часови а на планините над 1400/1500 метри надморска височина ќе провејува снег.

Ќе биде  и ветровито, односно повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Во Скопје  и околината за 1 Мај 2026 времето ќе биде променливо облачно и ладно за самиот почеток нас месец мај со сончеви периоди. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Наутро на 1 Мај 2026 температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 8 степени со што особено во повисоките населени места  и на планините ќе има појава на утрински мразеви. Да напоменам дека на планините со поголема надморска височина утрото на 1 Мај 2026 температурите ќе бидат уште пониски. Во Скопје и околината утрото на 1 Мај 2026 температурата ќе се спушти до околу 4 степени.

Максималните дневни температури на воздухот за 1 Мај 2026 во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 16 степени.

Морам да напоменам дека овие температури коо ги очекувам за 1 Мај 2026 ќе бидат пониски од пресечните дури за околу па  и за повеќе од 10 степени.







Занимливости