ЧЕСТИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ – ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ СЛЕДУВААТ НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ, МОЖНИ СЕ НОВИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ!

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад, и во следните десет денови во Македонија продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, од пладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во Атмосферата, и понатаму локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. 

Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што повторно е можна појава на нови ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ, па токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, особено во случај на појава на НЕВРЕМЕ.

И во Скопје и околината во следните денови ќе има честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Во најава нема никаков поизразен топлотен Африкански бран, па така и температурите остануваат без поголеми промени, и максималните дневни температури и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

За изразен топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, го нема во најава во текот на целиот овој месец.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота  и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]