Целиот овој викенд ќе ни дува силен северен ветер (над 70 км/час)

Викендов во нашата Република Македонија времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе биде  и малку посвежо за разлика од оние температури кои ги имавме  изминатите денови. Ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час)

И во Скопскиот регион ќе имаме многу слично време како  и во останатите предели од нашата Македонија. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а во Скопје температурата ќе се искачува до околу 35 степени.







Занимливости