ЦЕЛИОТ БАЛКАН ЌЕ БИДЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН “ЛУЦИФЕР”: Температурите ќе пораснат на 42 степени
Почнувајќи од понеделник, па во најголем дел од следната седмица територијата на целиот Балкан, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе бидат под влијание на екстремно топлиот Африкански бран “ЛУЦИФЕР”. Овој топлотен бран ќе ни донесе екстремно високи температури на воздухот.
Најпогодени од овој екстремно топол бран ќе бидат Хрватска, Босна и Херцеговина, соседна Србија како и централните и југоисточните предели од нашата Македонија, вклучувајќи ја и Скопската котлина каде температурите ќе се искачат и над 40 степени, односно до околу 41, 42 степени. На другите места температурите ќе се движат до околу, па и над 35 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет.
Дестабилизација на атмосферата во попладневните часови ќе имаме на 14 и на 15 август, кога на повеќе места гледано барем според моменталните прогностички материјали со кои располагам ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на локално невреме проследено со силен ветер и со град.
Позначително освежување на времето се очекува околу 17, 18 август кога ќе има значителен пад на температурите на воздухот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]


by