БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Во следните часови, како и вечерва доаѓа ново силно невреме во Македонија

Територијата на Македонија продолжува да биде под влијание на циклонската активност која е со центар над Средоземјето. Во вакви околности денес попладне  и во вечерните часови во поголем дел од Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Локално и на повеќе места повторно процесите ќе бидат застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења како и со појава на крупен град. Вакво силно невреме особено се очекува во западната половина од државава, како и во северните предели.

Услови за ново посилно невреме ќе има  и во делови од Скопската котлина.

Апелираме во случај на појава на силно невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.

Инаку продолжуваат високите температури во Македонија, па така максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.

До самиот крај на овој месец ќе продолжи честата појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и појава на локални но силни временски непогоди.

Алатката “НОТАС” за рано предупредување од невреме во вашето место можете да ја следите на следниот линк https://nothas.finki.ukim.mk/

 







Занимливости