БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Бурни Атмосферски процеси ќе имаме и викендов!
Бурни атмосферски процеси и тоа поради влијанието на плитката фронтална долина која се наоѓа над нашиот дел од Европав ќе имаме и за време оа овој викенд (26 и 27 април). Времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Локално Атмосферските процеси ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради ваквата состојба, апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни.
И во Скопскиот регион за време на викендов (26 и 27 април) времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во делови од котлината ќе биде и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека за неколку степени пониски температури ќе имаме во недела (27 април). Сепак и покрај ова останува релатино топло времето.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by