Балканот е на удар на големо снежно невреме: Ќе падне и до еден метар снег

Силен циклон со центар некаде над Италија ќе предизвика големо снежно невреме  и обилни снежни врнежи во поголем дел од Балканот а снег ќе врне со денови. Најпогодени од овие обилни снежни врнежи ќе бидат Словенија, Хрватска, Босна и северот и западот од соседна Србија. Очекувам до 7 Јануари (Среда)  да се формира голема снежна покривка на многу места а снежната покривка на повеќе места ќе надминува 50 сантиметри а локално таа ќе изнесува дури и до околу 100 сантиметри снег.

Поради влажниот снег кој го очекувам можни се големи проблеми токму во овие предели од Балканот. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер од јужен а повремено и од североисточен правец.

Барем засега немам некои сериозни најави за обилни снежни врнежи за кај нас во Македонија, секако дека од 8 Јануари па во деновите потоа се поизвесно е ново заладување на времето и продор на ладен бран од север, но дали ова заладување ќе донесе  и снег останува да видиме што ќе кажат понатамошните нови ажурирања на прогностичките материјали.

Едно е сигурно, дека Балканот е под закана на големо снежно невреме и огромно количество на снег а во делови од Албанија и Црна Гора постои опасност  и од поројни поплави поради очекуваните обилни дождови во следните денови.







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]