Бадник ни донесе врнежливо време, снег и снежна идила на Попова Шапка

Денешниот ден во Македонија 6 Јануари 2026 (Бадник) помина во знакот на облачно и врнежливо време во најголем дел од државава повремено со пообилни врнежи кои во западните предели повремено беа проследени и со локална појава на грмежи. Повремено дуваше и засилен јужен ветер а на планинските места и Скијачките центри, особено на Попова Шапка врне снег и се формира снежна покривка.

Најмногу воден талог во изминатите 9 часа до 16 часот попладнево наврна на Попова Шапка  и тоа 33 литри. на метар квадратен воден талог.

На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени до 16 часот попладнево по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 9 часа  исто така до 16 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости