Атмосферски фронт од север ни носи нови врнежи и невреме во Македонија!
Под влијание на атмосферсаки форнт од север и од северозапад но и на влажна и на нестабилна воздушна маса, во недела (14 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник особено претпладнето во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 25 литри на метар квадратен дожд) силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за локална појава на град.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 30 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by