Антициклон од југ во Македонија ни носи стабилно време и магла по котлините

Во овие утрински часови во Македонија имаме температури кои речиси насекаде се над нулата освен на повисоките населени места  и на планините каде температурата е околу или за некој степен под нулата. Особено по колтините има значителна облачност или појава на магла. Претежно е тивко и без некој изразен ветер.

Инаку територијата на Македонија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ  и истиот исловува да имаме стабилно и суво време со магла  и со значителна ниска облачност по котлините.

 

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија во овие утрински часови.







Занимливости