Антициклон: Ни следуваат стабилни и суви денови, но по котлините ќе има магла
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз и на слана.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.
Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините и по речните долини.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски појасни дека нема причина за загриженост поради последните сеизмички настани во регионот, нагласувајќи дека станува збор за природни и долготрајни геолошки процеси. Во своја јавна објава, тој посочи дека Шар Планина и понатаму се издига, но со исклучително бавно темпо, мерливо во десетини милиметри, што е карактеристично за тектонската еволуција [...]


by