АНТИЦИКЛОН И СТАБИЛНО ВРЕМЕ: До крајот на неделава суво и сончево во Македонија, наутро студено и со магла!
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса, до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Во Скопје и околината исто така, до крајот на оваа недела времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со мала локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови ќе има појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, наутро останува студено, со минимални температури, кои понекаде, особено во Беровскиот регион, како и на високите места и на планините ќе се спуштаат за некој степен под нулата, а на повеќето места тие ќе се спуштаат до околу, или под 5 степени.
Максималните дневни температури, до четврток ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека потоа ќе бележат тенденција на пад за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 5 и 7 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21 и 23 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]


by