АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Врнежите ќе престануваат – Претстојната ноќ студена, на повисоките места и на планините можност за појава на мраз
Во текот на следните часови од запад се очекува постепено врнежите да престанат во Македонија, но и ќе има постепено, но не и целосно намалување на облачноста низ државава.
Токму поради ова намалување на облачноста, во текот на претстојната ноќ и утре рано наутро ќе биде значително постудено, па така на повеќе места температурите утре изутрина ќе се спуштат близу 0 степени, но не очекуваме појава на мраз, со исклучок на повисоките места и на планините каде температурите ќе се спуштат за некој степен под нулата. Таму е можна појава на слаб мраз.
Во продолжение погледнете ги очекуваните температури за утре рано наутро

Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by