АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Утре на повеќе места врнежи и грмежи – Локално се очекуваат и поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме
Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во текот на претпладневните часови. Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, и тоа особено во централните , како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град, како и со силни и чести електрични празнења. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не претстојнуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

И во Скопскиот регион утре од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на невреме.
Што се однесува до температурите, тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје утре температурата ќе се искачи до околу 25 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро вторник 16 јуни, во Македонија ни донесе топло и умерено облачно време. Особено во Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека во останатите места од Македонија е претежно тивко. Најниска минимална температура ова утро е измерена во Берово и тоа 9 степени, а највисока минимална температура од 19 степени ова утро е измерена на [...]

by