ДЕНЕШНОТО УТРО РЕЛАТИВНО СВЕЖО: Во изминатите 24 часа во Македонија наврнаа дури 51 литар дожд на м/2 – Пред нас многу постабилен и посув викенд!
Во изминатите 24 часа, до 8 часот утринава, најмногу дожд наврна во Тетово, и тоа дури 51 литар на м/2. Што се однесува до температурите ова утро до 8 часот, најниска температура од само 7 степени е измерена во Крива Паланка и во Берово, додека најтопло ова утро беше во Гевгелија со температура од 16 степени.

Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури ова утро до 8 часот во Македонија, како и наврнатиот воден талог во литри на м/2 во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утринава, и тое на мерните станици на УХМР.
Викендов времето ќе биде многу постабилно, што значи циклонската активност која се наоѓаше над нашата територија значително ќе ослабне. Услови за попладневен краткотраен дожд и ретки грмежи ќе има само во западните предели. Преку ден ќе биде потопло со температури кои насекаде ќе бидат над 20 степени, а во централните и во југоисточните предели тие ќе надминат 25 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден 28 април 2026 вторник во Македонија помина во знакот на вистински пролетен ден со високи пролетни температури на воздухот. Времето беше претежно стабилно, суво и сончево со попладневно локално зголемување на облачноста особено во југозападните предели каде имаше појава на локален краткотраен дожд особено во планинските предели. Најтопло денес до 17 часот беше на Скопје Петровец каде [...]


by