Сеуште не се измерени максималните температури за денешниот ден, а таа веќе се искачи на 40 степени
Попладнево и тоа во 14 часот УХМР ги измери температурите на воздухот во Македонија, па така најтопло во 14 часот беше во Демир Капија, Гевгелија и во Дојран со измерени 40 степени. Најниска температура од градовите е измерена во Крушево, и тоа 31 степен, во Скопје на Зајчев Рид таа изнесуваше 37 степени.
Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени во Македонија во 14 часот, и тоа на мерните станици на УХМР

Температурите во Македонија и во следните неколку часови ќе бележат тенденција на пораст, што значи дека ќе биде уште потопло.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by