ДЕНЕШНИОТ ДЕН БЕШЕ МНОГУ МАЧЕН, СПАРЕН И ТОПОЛ: Во Македонија измерена е највисока температура од 36.2 степени – Утре уште потопло до 38 степени
Денешниот веќе изминат ден во Македонија беше многу мачен, спарен и топол, а веќе во воздухот е присутна и Сахарската прашина и песок која ќе не дружи целата оваа недела. Највисока максимална температура од 36.2 степени денес е измерена во Велес, а во Скопје е измерена температура од 34 степени.
Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија во 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР

Утре максимумот на температурите ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени, а веќе од среда на повеќе места тие ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели барем според моментално достапните метеоролошки модели локално тие ќе надминуваат и 40 степени.
Насловната фотографија е превземена од Patuvanja.mk
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by