МЕТЕО НАЈАВА ЗА ЛАДНО ВРЕМЕ ЗА МЕСЕЦ МАЈ И ЗА ВРНЕЖИ: Утре засилен северен ветер, дожд а на највисоките планини повторно снег
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре повторно во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места, а ќе биде и поладно од вообичаеното за месец мај. На највисоките планински места на северозападот и на западот од државава ќе има врнежи од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец утре ќе има и во Скопскиот регион.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат под просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by