МЕТЕО НАЈАВА: Следува затоплување на времето преку ден, што значи студот ќе попушти!
Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта. Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува снег.
До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Што се однсесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени. Кон крајот на оваа, како и на самиот почеток од следната недела повторно температурите наутро понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Со продорот на значително полaден воздух од север кој ќе пристигне се до југот односно до Јонско море и јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој од ноќва и на ден недела 1 Февруари ќе ни донесе нов снег на повисоките населени места, планините и на Скијачките центри и нова снежна покривка со висина од 10 [...]

by