Обилните врнежи од снег престанаа – Сега следува поларен студ, понекаде со температури и до околу -20 степени!
Врнежите од снег постепено ќе престанат, по што следува многу студено време, особено во седмицата која е пред нас. Времето ќе биде сончево и ведро со мала до умерена локална облачност, а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина.
Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а тие понекаде ќе се спуштат и до околу -15 степени. Ќе има места каде температурата науутро ќе се спушти дури до околу -20 степени, со што очекуваме појава на силен мраз.
Во Скопје и околината исто така ќе имаме слично време, а температурата наутро ќе се спушти и под -10 степени.
Многу студено ќе биде и преку ден, особено во првите неколку денови од новата седмица. Тогаш температурите и преку ден на повеќе места ќе останат под нулата. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат за неколку степени над нулата.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Со продорот на значително полaден воздух од север кој ќе пристигне се до југот односно до Јонско море и јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој од ноќва и на ден недела 1 Февруари ќе ни донесе нов снег на повисоките населени места, планините и на Скијачките центри и нова снежна покривка со висина од 10 [...]

by