Македонија под Суптропски антициклон, пред нас тропски ноќи и пеколни денови
Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 40 степени. Повремено ќе засилува фенски ветер од источен и од североисточен правец.
Особено во Повардарието, Скопската котлина, и во југоисточните предели од Македонија ќе имаме тропски ноќи, кога температурите ниту во текот на ноќта нема да се спуштаат под 20 степени.
Во Скопје и околината за време на овој топол бран од Африка наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 38 степени.
Ув индексот за време на овој топлотен бран во Македонија ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова апелирам граѓаните, особено оние повозразните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот). Исто така на граѓаните ги советувам да пијат повеќе течности и да се ладат во овие многу топли летни денови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by