Имавме посвежо утро во Македонија, попладнево повторно локален пороен дожд

Денешното утро во Македонија четврток, 18 јуни ни донесе ведро и малку посвежо време а најниска температур до 8 часот утрово беше измерена во Берово и тоа 6 степени. Најмногу дожд пак во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Гевгелија, и тоа 17 литри на метар квадратен дожд.

Најтопло ова утро пак беше на Скопје Зајчев Рид со измерени 16 степени.

Ова утро беше претежно тивко и без некој изразен ветер во Македонија.

Во текот на денов повремено пак ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 31 степен.

Попладнево повтроно ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 







Занимливости