ЛАДЕН БРАН: Обилен снег на Алпите, невреме на Балканот и во Македонија

Остатокот од оваа седмица ни носи поголем пад на температурите во поголем дел од Европскиот Континент и спуштање на значително поладен воздух од северозапад кој преку Алпскиот регион ќе го зафати Балакнот и во следните денови ќе донесе повремени локални временски непогоди кои би можеле да бидат  и многу изразени со силен ветер, многу дожд, силни грмежи и со силен град.

Од друга страна ладниот воздух во Алпскиот регион ќе донесе обилни врнежи од снег и таму во следните денови ќе владее вистинска снежна бајка и тоа во месец јуни.

Во Македонија исто така останува многу нестабилна атмосферата кога особено во четврток на 4 Јуни 2026 ќе имаме обилни врнежи од дожд,. појава на грмежи, засилен ветер  и локална појава на невреме со силен ветер, елеклтрични празнења  и со локална појава на град. Токму ова ќе биде поради влијанието на циклонската активност со центар над Џеновскиот залив.

Исто така во четврток на 4 Јуни 2026 во Македонија ќе имаме посвежо време со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Се на се, оние вистински летни температури во поголемиот дел од Европа   и Балканот остануваат на чекање, што значи засега немам најава за поголеми горештини на Балканот, а  и во Македонија најмалку до 10 јуни 2026 не очекувам појава на екстремно топли бранови од Африка.

 







Занимливости

  • 01 Јун 2026

    Денешниот ден Понеделник 1 Јуни 2026 во Македонија беше вистински летен со вистински летни максимални дсневни температури на воздухот. Најтопло попладнево до 17 часот беше во Велес каде се измерени максимални 34 степени. Сепак, попладнево особено во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер а локално особено во планинските предели беше регистрирана  и појава [...]