МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов ни носи невреме во Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота  и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензвни во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопската котлина во погоре споменатиот период ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.

Наутро температурурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 14  и 16 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 26 степени.







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Денешниот ден Четврток 21 Мај 2026 во Македонија ни донесе значително потопло време. Времето беше умерено облачно со сончеви периоди а повремено дуваше  и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Најтопло попладнево до 17 часот беше во Струмица, Демир Капија  и во Гевгелија каде максималната температура денес достигна до 28 степени. На табелата која попладнево ја објави [...]