ПОЧНУВА СИЛНИОТ ЕЛ НИЊО: Екстремно топлото лето полека ни доаѓа
Најновите ажурирања на прогностичките материјали од овој месец Мај 2026 укажуваат дека ни започнува силен Ел Нињо, Климатолошки феномен кој носи многу топли лета во Европа и на Балканот со екстремно високи температури, суши и силни временски непогоди кои голема е веројатноста да прераснат во Суперќелијски бури.
Во текот на летниме месеци силно ќе бидеме под влијание на Ел Нињо кој во Македонија ќе ни донесе екстремно топло лето со температури повисоки за 1 до 2 степени од повеќе годишниот просек. Исто така ова лето не чекаат чести и екстремни топлотни бранови кога температури насекаде ќе надминуваат 30/35 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат 40 степени.

Секако во текот на екстремно топлото лето кое е пред нас ќе имаме и повремени освежувања во вид на нестабилност со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на невреме и со пад на температурите на воздухот.
Исто така и оваа година тука се Суперќелијските бури кои ќе бидат присутни ширум Европа и Балканот кои би можеле да направат многу штети а одредени Суперќелијски бури може да прераснат дури и во торнадо. Повремени силни временски непогоди ова лето исто така очекуваме и кај нас во Македонија.
Да напоменам дека тука се и оние тропски ноќи кои често ќе ги имаме ова лето, односно тропски ноќи се кога температурите ниту во текот на ноќта нема да ни се спуштаат под 20 степени, особено ова важи за Скопскиот регион, Повардарието и за југоисточните предели од Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе облачно, свежо и врнежливо време во поголем дел од Македонија со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со засилен ветер од северен правец. Особено обилни и поројни врнежи имаше во западните и во југозападните предели од Македонија. Сето ова беше поради влијанието [...]


by