ЧАДОРИТЕ СО ВАС: Цела оваа седмица дожд, грмежи и локално невреме
Територијата на Македонија во текот на целата оваа седмица, односно во периодот од 18/24 Мај 2026 ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност која ќе се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација и оваа седмица ќе имаме многу променливо и нестабилно време со сончеви периоди. Повремено ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен правец.
Локално атмосферските процеси повторно можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен) силен северен ветер (до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината во текот на целата оваа седмица, односно во периодот од 18/24 Мај 2026 времето ќе биде променливо и многу нестабилно со сончеви периоди. Повремено ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
Температурите и понатаму ќе ни бидат под просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени а пониски температури ќе имаме утре Вторник 19 Мај 2026 кога тие преку денот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје и околината температурата во текот на оваа седмица ќе се искачува во интервалот помеѓу 20 и 26 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by