Спарно и мачно време во Македонија, дува и силен западен ветер
Попладнево во Македонија имаме променливо облачно време со сончеви периоди а повремено дува засилен до силен западен ветер. Во источните предели локално имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со силен западен вертер.
Инаку попладнево во атмосферата над Македонија имаме поголемо присуство на Сахарска прашиина и на песок па затоа и атмосферата е многу заматена и нечиста а времето е мачно и спарно. Најтопло попладнево е на Скопје Петровец каде се измерени 29 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија ова попладне.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 12 Мај 2026 ни донесе ведро и релативно топло време во Македонија со појава на умерена облачност особено во западните предели. Уште од ова утро повремено дуваше засилен ветер од западен правец особено во западните предели. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури до 8 часот утрово по градови [...]


by