Медитерански влажен бран во Македонија ни донесе обилни врнежи

Во овие попладневни часови речиси насекаде во Македонија е облачно и врнежливо со повремено пообилни врнежи од дожд а дува и умерен а повремено и локално и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Инаку како што претходно најавив територијата на Македонија подпадна под влијание на влажна  и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

Најмногу дожд во изминатите 9 часа до 17 часот попладнево наврна во Претор  и тоа 18 литри на метар квадратен дожд.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите измерените максимални температури на воздухот до 17 часот попладнево по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 9 часа  исто така до 17 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.

 







Занимливости

  • 23 Јун 2026

    Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 јуни температурите во Франција [...]