Понеделничкото утро 4 Мај 2026 повторно ни носи мразеви, потоа нагло ќе затопли
Денес недела 3 Мај 2026 особено во претпладневните часови ќе имаме повеќе облачност и особено во западните и во југозападните предели ќе има локални врнежи од дожд а на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има повремен снег. Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намалува.Во Скопје и околината денес недела 3 Мај 2026 во претпладневните часови ќе има услови за повремен локален дожд.
Во текот на денешниот ден недела 3 Мај 2026 исто така ќе продолжи да дува умерен до повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.
Максималните дневни температури во Македонија денес недела 3 Мај 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени а во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 19 степени.
Сепак, доста ладно и зимско мајско утро ќе имаме и во понеделник 4 Мај 2026 кога времето ќе биде ведро и без некој изразен ветер и со појава на мраз и на слана на повеќето места во Македонија кога температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 6 степени. Во Скопје и околината утрото во понеделник 4 Мај 2026 исто така ќе биде доста ладно кога температурата на воздухот ќе се спушти до околу 0 степени.
Преку денот пак во понеделник 4 Мај 2026 ќе имаме забрзано затоплување на времето и брз пораст на температуреите на воздухот и тогаш максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени а во Скопје и околината исто така во понеделмник 4 Мај 2026 максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 23 степени.
Во Понеделник 4 Мај 2026 времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на потопла воздушна маса од југ.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро сабота 2 Мај 2026 за жал во поголем дел од Македонија донесе ведро и невообичаено ладно време за самиот почеток на месец мај со минусни температури и со појава на мраз и на слана. Најладно ова утро до 8 часот беше во Берово со измерени -4 степени. На Скопје Петровец температурата утрово до 8 часот се спушти [...]


by