Следната седмица ни доаѓа нагло затоплување, потоа и локално невреме
По исклучително ладното време за овој период од годината со ниски температури и појава на утрински мразеви, веќе во текот на следната седмица, односно во периодот од 4 Мај 2026 (Понеделник) до 10 Мај 2026 (Недела) во Македонија ќе имаме значително повисоки температури на воздухот и тие ќе бидат вистински пролетни и во пораст како утринските, така и максималните дневни температури на воздухот.
Во понеделник и во вторник (4/5 Мај 2026) ќе имаме многу сонце и стабилно време со слаб ветер а температурите преку ден ќе бележат тенденција на брз и на голем пораст и во поголем дел од Македонија тие ќе се искачуваат до околу или ќе надминуваат 20 степени.

Веќе од 6 Мај 2026 (среда) па во деновите потоа атмосферата над Македонија полека ќе се дестабилизира а особено нестабилни атмосферски процеси ќе имаме околу 7 и 8 Мај 2026 (четврток и петок) кога на повеќе места ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално невреме.
Да напоменам декас само во текот на следната седмица особено во Повардарието и во југоисточните предели температурите полека ќе надминуваат и 25 степени. Исто така, во текот на следната седмица како што претходно кажав и наутро ќе биде значително потопло и не очекувам појава на мразеви што значи дека во текот на следната седмица повеќе нема да имаме појава на минусни температури на воздухот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро сабота 2 Мај 2026 за жал во поголем дел од Македонија донесе ведро и невообичаено ладно време за самиот почеток на месец мај со минусни температури и со појава на мраз и на слана. Најладно ова утро до 8 часот беше во Берово со измерени -4 степени. На Скопје Петровец температурата утрово до 8 часот се спушти [...]


by