ВЕЛИКА САБОТА: Облачна воздушна маса од север ни носи локални врнежи
Во текот на ноќта кон утрешниот ден Велика сабота 2026 и на Велика сабота 2026 од север над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса која ќе донесе локални послаби врнежи од дожд особено во северните и во источните предели од Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје и околината токму оваа облачна воздушна маса исто така ќе донесе слаби локални врнежи од дожд.
Утре на Велика сабота наутро температурите насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. Преку денот пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 7 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 17 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 30 Мај 2026 во Македонија е ведро и доста свежо со температури кои се значително пониски за разлика од изминатите утрини. Најсвежо ова утро беше во Берово со измерени само 3 степени а во Крива Паланка температурата се спушти на 5 степени. Претежно е тивко времето ова утро и без некој изразен ветер. На метеоролошката карта [...]


by