По денешниот топол пролетен ден, утрешната ноќ ни носи заладување
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ до крајот на денешниот ден вторник 7 април 2026 во Македонија останува времето да биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Денес повремено ќе засилува ветер во западните предели од западен а во источните предели од северозападен правец. Максималните температури во Македонија денес ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Во Скопје и околината денес максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 23 степени.
Утре среда 8 април 2026 особено рано наутро и во претпладневните часови особено во северните предели ќе имаме повеќе облачност и локални врнежи од дожд а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе провејува снег. Исто така утре среда 8 април 2026 особено во Повардарието и во источните предели ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).
Утрешната ноќ кон четврток 9 април 2026 ни носи поголемо заладување и продор на ладен воздух од север па утрото во четврток 9 април 2026 ни носи намалување на облачноста и значително поладно време па така тоа утро минималните температури во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени па така тоа утро особено на повисоките населени места и на планините очекувам појава и на слаб мраз и на слана. Во Скопје и околината во четврток 9 април 2026 наутро минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by