НЕМА ОПАСНОСТ ОВОШКИТЕ ДА ПРЕМРЗНАТ: Доаѓаат пролетни 25°C
Почетокот на следната седмица во Македонија конечно ни доаѓа вистинската пролет со вистински пролетни температури на воздухот и со многу сончево, стабилно и суво време без врнежи. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ и токму ова ќе услови да имаме брз и значителен пораст на температурите на воздухот во Македонија.
Добро е тоа што во ноќните и во утринските часови не очекуваме минусни температури во најголем дел од Македонија па така нема опасност од премрзнување на овошките во Македонија кои се во силна фаза на цветање.
Почетокот на следната седмица во Македонија ќе ни донесе максимални дневни температури кои речиси насекаде ќе се искачат до околу и над 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие ќе се искачат до околу 25 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 30 Мај 2026 во Македонија е ведро и доста свежо со температури кои се значително пониски за разлика од изминатите утрини. Најсвежо ова утро беше во Берово со измерени само 3 степени а во Крива Паланка температурата се спушти на 5 степени. Претежно е тивко времето ова утро и без некој изразен ветер. На метеоролошката карта [...]


by