Зимата се враќа на Балканот: Од 17 март значително заладување ни носи дожд и снег
Последното ажурирање на прогностичките материјали и понатаму укажуваат на тоа дека од 17-ти март па во деновите потоа на Балканот и секако во Македонија доаѓа поладен и поврнежлив период. Ќе бидеме под влијание на значително поладен воздух од север кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот. Ќе имаме и почести и повремено пообилни врнежи.
Поради значителното заладување на планинските места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка а заладувањето на времето ќе услови снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина па така можна појава на снег ќе има и на местата со помала надморска височина, односно во населените места.

Се на се, зимата не го кажала последното збогум па токму ова значи дека задоцнети зимски бранови и понатаму ќе има на Балканот и секако во Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро сабота 2 Мај 2026 за жал во поголем дел од Македонија донесе ведро и невообичаено ладно време за самиот почеток на месец мај со минусни температури и со појава на мраз и на слана. Најладно ова утро до 8 часот беше во Берово со измерени -4 степени. На Скопје Петровец температурата утрово до 8 часот се спушти [...]


by