Ни доаѓаат нови проблеми со врнежите, ќе врне обилно дожд и ќе премине во снег
Под влијание на нов длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив и негово проширување кон Јонското море со својата долина ќе пристигне и во Македонија и ќе ни донесе нова голема промена на времето. 17 Февруари 2026 вторник ни носи нови обилни врнежи кои поради наглото заладување и продорот на ладен воздух од север проследен со засилен до силен ветер од северен правец (над 70 км/час)ќе преминуваат во врнежи од снег најпрвин на повисоките населени места а попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има и во пониските предели особено во западните и во северните предели од Македонија.
На планините и на скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми и за повеќе од 20 сантиметри и ќе се прошири а мала снежна покривка е можно да се формира и во дел од градовите во западните и во северните предели од Македонија. За време на овој нов обилен бран на врнежи ќе наврне ново големо количество на воден талог особено во западните предели и тоа над 30 литри на метар квадратен воден талог за 24 часа.
Во Скопје и околината исто така ќе имаме пообилни врнежи од дожд а на околните планини ќе врне снег но поради заладувањето со силен северен ветер врнежи од снег ќе има и во околните повисоки предели од Скопскиот регион.
Да напоменам дека повторно поради очекуваните обилни врнежи расте опасноста од ново излевање на реките особено во западните и во северозападните предели од Македонија па така постои ризик од нови поплави. Токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.
Што се однесува до температурата таа ќе се искачува во интервалот од 1 до 9 степени меѓутоа доцна попладне и навечер таа дополнително ќе опаѓа. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 6 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by