Формирање на секундарен циклон над Јонско море и Јужен Jадран ни носи снег
Под влијание на нов циклонски систем кој секундарно ќе се формира над Јонско море и Јужен Јадран до понеделник 2 Февруари 2026 во Македонија ќе имаме многу променливо и поладно време со пад на температурите на воздухот и тоа поради продор на значително поладен воздух од север а повремено ќе засилува ветер од северен правец. Ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд на ниските места (градовите) и врнежи од снег на повисоките населени места и на планините над 1000 метри надморска височина.
Во недела попладне и навечер како и во понеделник 2 Февруари 2026 врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето пониски места (градови) каде ќе има услови за формирање на мала снежна покривка а на планинските места и на скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми и ќе се прошири.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремен дожд а на околните планини повремено ќе врне снег а во недела попладне и навечер како и во понеделник на 2 Февруари 2026 во делови од Скопската котлина ќе има услови за послаби врнежи од снег.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе бидат во позначително опаѓање особено во недела и во понеделник на 1 и на 2 февруари 2026 и тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 4 степени. Наутро пак температурите во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе бидат негативни односно под нулата и ќе има појава на мраз.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден четврток 16 април 2026 во Македонија донесе топло, мачно и спарно време а во атмосферата и понатаму имавме значително количество на Сахарска прашина и на песок па токму поради ова атмосферата и денес беше заматена и нечиста. Да напоменам дека денешните максимални температури измерени во Македонија се чувствуваа како да се повисоки од реално измерените и тоа [...]


by