Од вторник (23 декември) промена на времето и врнежи од дожд и од снег
Од вторник попладне (23 декември) во Македонија и тоа по подолгиот период на стабилно, суво и натпросечно топло време за декември со максимални дневни температури кои беа над просекот следува поголема промена на временската состојба. Ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот па така во ваква ситуација времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Во исто време ќе бидеме под влијание и на поладен воздух од север па така на планините над 1300/1400 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег па така очекувам почеток на формирање на снежна покривка.
И во Скопје и околината од вторник попладне (23 декември) слкедува промена на временската состојба со зголемена облачност и со појава на повремен локален дожд. На околните планини повремено ќе врне снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени. Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе облачно, свежо и врнежливо време во поголем дел од Македонија со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со засилен ветер од северен правец. Особено обилни и поројни врнежи имаше во западните и во југозападните предели од Македонија. Сето ова беше поради влијанието [...]


by