Пролетта во декември продолжува и во текот на целата наредна седмица
Според најновото ажурирање на прогностичките материјали и од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека и во текот на целата наредна седмица целата територија на Балканот и Македонија ќе бидат во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и истиот и понатаму ќе условува да имаме стабилно, суво и натпросечно топло време за месец декември со температури кои ќе бидат над просекот.

Температури над просекот за месец декември ќе имаме насекаде во Македонија и во регионот како и во поголемиот дел од Европскиот Континент.

Што се однесува пак до врнежите, тие ќе бидат значително под просекот за месец декември и ќе биде суво и без никакви врнежи насекаде на Балканот и во Македонија.
Во ваква ситуација мора да напоменам дека и понатаму по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност која особено ќе биде густа во утринските и во ноќните часови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Недела 7 Јуни 2026 во Македонија донесе ведро, тивко и релативно топло летно време со пријатни минимални утрински температури на воздухот. Најниска температура ова утро до 8 часот беше измерена во Берово и тоа 9 степени, а во исто време највисока минимална температура во Македонија е измерена на Скопје Зајчев Рид и тоа 18 степени. На табелата [...]

by