Магла и ладно време денес имаме по котлините, на високите места е потопло
Температурна инверзија ја зафати Македонија, пониските населени места се поладни од повисоките и планинските места. Појава на слаба магла имаше во текот на денешниот ден токму во котлините а особено густа магла локално по котлините имаше во текот на ноќта и денешното утро која услови намалена видливост.
На табелата можете да ги видите денешните максимални температури по градови и места во Македонија измерени до 16 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и токму ова условува да имаме стабилно и суво време со појава на магла и зголемена ниска облачност во котлините. Најизразена маглата и ниската облачност во котлините е особено во утринските и во ноќните часови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија 3-ти март 2026 година вторник беше натпросечно топол и сув со појава на мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер од променлив правец. Инаку територијата на Македонија периодов се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла воздушна маса од југ која условува релативно високи температури на воздухот за овој [...]


by