Денес понеделник 1 Декември ни почнува климатолошка зима, нема да има врнежи
Со самиот почеток на месец Декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 Декември во нашата Република Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро вторник 3-ти март 2026 во Македонија ни донесе ведро време со мала до умерена локална облачност и е претежно тивко и без некој изразен ветер. Ова утро насекаде температурите се позитивни односно над нулата што значи дека ова утро е со повисоки температури за разлика од изминатите утрини. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени [...]


by