Македонија во жолта предупредувачка фаза: Повторно многу дожд
Денес (Среда 26 ноември) целата територија на нашата Република Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен јужен ветер и со услови за локална појава на грмежи. Локално овие процеси може да бидат застапени во форма на невреме.

Инаку нашата Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и истата условува да имаме повторно многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд. Локално за 24 часа ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд). И во Скопје очекувам нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен јужен ветер.
Поради продор на поладен воздух од север, на планините над 1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и очекувам формирање на снежна покривка.
Поради очекуваните нови обилни дождови повторно растат условите за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија. Апелирам особено возачите да бидат крајно внимателно како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците и тоа поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд кои може да придонесат за нови поплавувања во нашата Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро вторник 3-ти март 2026 во Македонија ни донесе ведро време со мала до умерена локална облачност и е претежно тивко и без некој изразен ветер. Ова утро насекаде температурите се позитивни односно над нулата што значи дека ова утро е со повисоки температури за разлика од изминатите утрини. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени [...]


by