Врнежи, засилен северен ветер и продор на ладен воздух од север во Македонија
Во следните часови од северозапад над нашата Република Македонија ќе поминува влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината исто така со овој влажен бран ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет.
Поради продор на поладен воздух од северозапад кој се спушта преку Алпскиот регион над нашиот дел од Европскиот Континент ќе започне да дува повремено засилен ветер од северен правец и особено во Повардарието повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. И во Скопје и околината ќе започне да дува повремено засилен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Поради падот на температурите на највисоките места од планините Кораб, Шар Планина, Пелистер и Солунска Глава повремено ќе провејува и снег.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by