Ладни и магливи утра, преку ден релативно топло во нашата Македонија.
Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) и на стабилна и суво воздушна маса до самиот крај на оваа недела времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Утрата и понатаму ќе бидат релативно ладни и со услови за појава на магла или на ниска облачност по котлините и по речните долини.
Минималните утрински температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени а преку денот ќе биде релативно топло со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, особено за време на викендот. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 5/6 степени а преку денот таа ќе се искачува близу или до околу 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Четврток 14 Мај 2026 донесе ведро време со мала локална облачност а беше и невообичаено свежо за месец мај со подпросечни температури на воздухот. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерен само 1 степен. Од градовите во Берово се измерени најниски 5 степени, а и во повеќето градови ова утро се измерени исто [...]


by