Силно југозападно струење на висина ни носи многу променливо и мачно време
Под влијание на јужно и на југозападно струење на висина кое ќе услови прилив на значително потопол воздух и натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината температурите во деновите кои што се пред нас на многу места ќе се искачуваат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминуваат и 20 степени. И во Скопје и околината во деновите кои што се пред нас температурата ќе надминува 20 степени.
Особено во петок (24 октомври) ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. И во Скопје ви околината во петок (24 октомври) ќе дува засилен повремено силен ветер од југозападен правец.
Времето деновиве ќе биде многу променливо со повремени локални врнежи од дожд. И во Скопје и околината до крајот на оваа недела ќе имаме многу променливо време со повремен локален дожд.
Се на се, пред нас е незгодна топлина и спарина и тоа поради изразеното јужно и југозападно струење на висина. Токму ова особено негативно ќе влијае врз метеопатите каде очекувам деновиве тие да почувствуваат значителни здравствени проблеми.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во нашата Македонија ни донесе променливо облачно и релативно топло време со температури кои се над просекот за овој период од годината. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени до 8 часот утринава како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа, исто така до 8 [...]


by