И денес ладно, локално и врнежливо со силен северен ветер (над 65 км/час)
Денешниот ден (среда 8 октомври) во нашата Република Македонија ќе помине во знакот на значително облачно и релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина врнежите ќе бидат од повремен снег. И во Скопје и околината денес ќе има значителна облачност со повремен локален дожд.
Ќе продолжи да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и истиот најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 65 км/час. И во Скопе и околината ќе продолжи да дува повремено засилен до силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 65 км/час).
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, а во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 14 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by